Фуриозен старт на сините со серија од 5-1 и слична таква низа во финишот на истиот дел најавија добра разделба на Металург со ова издание на Лигата на шампионите, но во второто полувреме се падна во вода, па поразот од Спортинг беше неминовен, а иснесува 31-27. Металург имаше водство по 30 минути игра од 15-12, а на почетокот од следното парче разликата се зголеми и на 4 гола, но потоа типичен пад за овој состав на Металург кој во еден дел комплетно застана и дозволи 5-0 на Португалците кои потоа знаеја да ја сочуваат предноста.
Илиќ со шест и Кузмановски со пет гола беа најсветлите точки во составот од Автокоманда кој со вечерашниот пораз нареди вкупно седум, со тоа што пет се во доживеани во вториот дел од групата Д во која Металург остана на пет бода и ќе биде петти на крајот, но само ако Чеховски утре не освои бод кај Бешикташ. Тоа нема многу да влијае на конечниот суд за оваа кампања во ЛШ, со оглед на амбициите на сите, бидејќи се очекуваше многу повеќе.




