Една кандидатка го нуди албанскиот јазик како адут за нов претседател на Уставниот суд.
Една од двете кандидатки на Уставниот суд кои се борат за челната позиција во највисокиот суд во Македонија ветувала целосна двојазичност во Уставниот суд ако биде избрана.
На тој начин кандидатката ја добила поддршката од тројцата членови на Уставниот суд кои важат за блиски на ДУИ но и на една судијка блиска на СДСМ.
Во ,,предизборното” ветување според извори во уставниот суд кандидатката ветила целокупната документација на уставниот суд да биде преведувана на албански јазик вклучително и превод на седниците на албански јазик и објавување на сајтот на судот на истиот јазик.
На тој начин таа добила поддршка од своите колеги кои претходно не ја сметале за сериозен правник достоен за судија на уставниот суд но сега и дале поддршка за претседател на судот.
Веќе два дена уставните судии не успеваат да изберат претседател кој ќе ја преземе функцијата од нивната колешка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат на чело на Судот истекува на 2 јуни.
Од Уставниот суд информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни.
Како и вчера, кога имаше четири неуспешни обиди за избор на претседател, и денеска двете кандидатки за функцијата, судијките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева не успеале да го добијат неопходното двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.
Во денешните два обида, резултатот бил ист како и вчера – за кандидатурата на Васиќ-Бозаџиева гласале 5 судии, додека нејзината колешка и противкандидатка Павловска-Данева повторно добила 4 гласа.
За разлика од професорката Ана Павловска-Данева која е добро позната на јавноста а која поддршка за влез во Уставниот суд доби и од претседателката Гордана Сиљановска Давкова втората кандидатка Васиќ – Бозаџиева се уште е е енигма и за неа се знае дека била блиска соработничка на екс миниатрите на СДСМ Венко Филипче и Рената Дескоска во министерствата за здравство и правда. Таа никогаш не работела на уставно право или на други сродни правни науки.
За претседателот на Уставен суд да биде избран, потребно е еден од кандидатите да добие најмалку шест гласа од вкупно деветтемина судии колку што брои составот на Судот.
Покрај сè уште актуелната претседателка Добрила Кацарска, судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе функцијата се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска и Ана Павловска-Данева.
Изборот на претседател, како што соопштија вчера од Уставниот суд пред почетокот на седницата, се врши согласно член 7 од Деловникот за работа на Судот.
„Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува“,
соопштија од Уставен.






