„Беса транс“ доби четиригодишна забрана за вршење дејност, а сопственкот на превозникот, Беким Хаџиу, доби 1 година и 8 месеци затвор.



Тоа е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“..

Пресудата ја донесе судијата Ивица Стефановски.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија бидејќчи знаеле дека немаат извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски – а границата се поминувала со лажен документ.

Пресудата не е правосилна, бидејќи обвинетите имаат право на жалба до Апелација.

Во автобусот на превозникот „Беса транс“, кој изгоре во ноември 2021 година во Бугарија загинаа 45 луѓе…