Единствениот претседател кој го прекршил македонскиот устав и со тоа сторил кривично дело се надева на нов мандат како шеф на државата.
Во дебата со Стево Пендаровски на ТВ 21 професорката Гордана Силјановска Давкова откри дека нејзиниот ривал сторил кривично дело затоа што го прекршил уставот на Република Македонија.
Уставниот суд, на седницата одржана на 14 мај 2020 година, донесо Одлука со која го укина Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/2019), бидејќи истиот бил изгласан по втор пат по поднесено вето од претседателот на Републиката.
Пендаровски потоа го потпишува законот и со тоа прави повреда на член 75 став 3 од Уставот, затоа што наместо со мнозинство од вкупниот број на пратеници како што налага Уставот, законот бил изгласан со 55 пратеници.
Со тоа претседателот на Републиката прогласил закон изгласан со неуставно мнозинство.
Пендаровски всушност одбил да ја оцени неговата, во конкретнава ситуација, формалната уставност, и со негов потпис дозволил во правниот поредок да влезе закон изгласан со неуставно мнозинство кој подоцна Уставниот суд го укинува.
И покрај тоа што го прекршил уставот сега Пендаровски бара нов мандат за претседател.
Силјановска оваа ситуација ја објави на ТВ21
▪️Ти си првиот Претседател кој го прекршил уставот на Македонија и сторил кривично дело
🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/pnHP123GYo
— Демир (@Trollowsky) May 1, 2024






