Целиот кардон од 11 полицајци што го обезбедуваше Собранието на Република Македонија пред зградата за време на немилите настани од 27 април добил отказ.
Решенијата биле потпишани уште минатиот петок, а денеска им биле врачени на наведените припадници на Министерството за внатрешни работи.
На брифинг минатата недела министерот Оливер Спасовски соопшти дека суспендирани се 42 полицајци, а против 70 се водат дисциплински постапки.





