Еди Рама призна: Тиранската платформа е негово дело а не на Ахмети и Села

Премиерот на Албанија, Еди Рама во говорот пред младинскиот форум на неговата партија изјавил дека Социјалистичката партија ја има најголемата заслуга за донесување на Законот за употреба на јазиците во Македонија.



Според Рама, без Социјалистичката партија, неговото донесување не можело да се замисли.

„Овaа партија не се помрднала од оската на националниот интерес, во ниту еден момент, кога се појави ОВК и кога се одржа битката за Косово. Оваа партија не се помрднала и нема да се помрдне ни трошка од оската на националниот интерес во сите односи со соседите. Пред неколку дена во Собранието на Македонија помина закон кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас денеска гордо ви велам дека сите треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие кои го гласаа, поддржаа и веруваа во оваа партија бидејќи без оваа партија на чело на државата, не би имало официјализиран албански јазик во Македонија“, рече Рама.

Лидерите на ДУИ, Беса, Алијансата на Албанците и СДСМ сеуште тврдат дека Тиранската платформа е создадена во Македонија.