Еден од петтемина најбогати Турци е наш човек

Сопственикот на најголемата приватна градежна компанија и компанија за производство на електрична енергија се наоѓа на четврто место на списокот на најбогатите луѓе во Турција. ENKA Construction е позната по изградбата на Американската амбасада и други инфраструктурни проекти.
Сарик Тара, сега на возраст од 87 години, има богатство вредно 2,6 милијарди долари, кое го стекнал сам, без никакво наследство.
На возраст од 12 години тој дошол од Македонија во Турција и дотуркал до еден од најуспешните бизнисмени во таа земја.
Компаниите сега ги води неговиот син. Мехмет Синан Тара.
Прв на списокот на петтемина најбогати луѓе во Турција е Мурат Улкер претседател на Јилдиз холдинг, една од најголемите компании за производство на храна во Централна и Источна Европа, Средниот Исток и Африка. Сега на возраст од 58 години, тој тежи 3,9 милијарди долари и е на 501 место на најбогати луѓе во светот.
На второ место е Хусну Озигин сопственик на Европката кредитна банка, со 3,2 милијарди долари, а Ерман Иличак(49) со 2,8 милијарди доларие е на трето место.
Следуваат Сарик Тара, зад кој се наоѓа 86 годишниот Рахми Коч, кој фирмата која сега тежи 2,6 милијарди долари ги неследил од неговиот татко Вехби Коч.