УЕФА ги објави бонусите од солидарните фондови од Лигата на шампионите што ќе ги добијат екипите, патем и македонските, кои биле дел од настапите во Европските фудбалски купови. Вардар според таа скала, од која беа поделени вкупно 120 милиони евра, доби еден милион, а добро помина и Шкендија која заработи 920 илјади евра. Од нашите клубови добитници од касата на најквалитетните се и Работнички со 440 илјади и Пелистер со 215 илјади евра.



УЕФА враќа дел од заработката во екипите и тоа на интересен начи. 127 милиони се за оние 32 тима кои играат во групната фаза, а само седум помалку се за другите кои биле дел од квалификациите во ЛШ, но и квалификациите и групниот сегмент во Лига Европа. Обврската е тие пари да бидат инвестирани во младинските екипи и школи.