На прославата на Денот на Италијанска државност одржана во Скопје се случила ситуација која претходно многу ретко се случувала кога се во прашање европските партнери и пријатели на Македонија.
Македонската химна и претходно многу често била исполнувана на прослави на национални празници на странски држави во Скопје но досега ретко се случувало дипломати и државјани на странска држава на прекрасен начин да ја пеат на македонски јазик македонската национална химна.
Почитта кон македонскиот национален симбол од страна на италијанските дипломати и граѓани во Скопје го запечати италијанскиот амбасадор во Македонија Андреа Силвестри кој на прославата одржа и говор на македонски јазик.
Претходно на прославата на Денот на Европа амбасадорот на Европската Унија во Скопје Дејвид Гир исто така својот говор го одржал на македонски јазик.
Останува прашањето дали ваквото однесување на странските дипломати се должи на новата реалност и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Гордана Силјановска Давкова кои бараа самопочит кај Македонците за да бидат почитувани кај странците, или пак европјаните без причина почнаа силно да ги почитуваат Македонија и Македонците.
На прославата на денот на италијанската државност присутна беше претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Видеото од македонската национална химна со италијански шмек на линкот






