„Европскиот претседател“ Бујар одбегнува одговор зошто на кандидатските листи за пратеници имаат луѓе на „црните листи“ на САД!

Кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“ Бујар Османи беше прашан зошто на листите за пратеници имаат луѓе вклучени во американските црни листи, како што се Мендух Тачи и Рамиз Мерко. Тоа го праша новинарката Јета Џара во емисијата „Калѕо перниме“ на балканската информативна интернет-платформа на албански јазик „Калѕо“. Ова го пренесува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Македонија. Инаку, на непријатните прашања, кои му беа поставени во својство како на кандидат за претседател на државата од „Европскиот фронт“, потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи одбегна да даде конкретни одговори.



Јета Џара: Зборувате за односи со САД, но како кандидати за пратеници на претстојните избори имате луѓе, кои се наоѓаат на Црната листа“ на САД. Не ви прави ова проблем во односите, кои треба да бидат добри со САД?

Бујар Османи: Имаме извонредна соработка со САД. Постои  разлика и во американската црна листа. Американската „црна листа“ е за национални, етнички прашања, но и за прашања за корупција. Ми се чини дека Мендух Тачи е за прашањето за поткопување на стабилност во она време пред 20 години, како што беа и некои други функционери на ДУИ во текот на војната во 2001 година и по војната. Значи тоа не е поради корупција, туку поради поткопување на Охридскиот договор. Што се однесува до „црните листи“, ние побаравме да продолжат да ни помагаат во борбата против корупцијата. Инсистирам да се формира меѓународен совет, каде што ќе биде и инструментот на „црните листи“.

Јета Џара: Дали мислите дека градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко ќе го помине тој меѓународен совет, или ветинг (проверка)?

Бујар Османи: Не знам за ова, бидејќи САД имаа став дека тој е на „црната листа“. Но, сакам да објаснам дека САД имаат два вида „црни листи“, од кои  едната е онаа, што ја објавува Стејт департментот на САД и таму само забрануваат влез во САД. Втората „црна листа“ ја објавува Министерството за трезор (за финансии), каде што бараат да се преземат финансиски мерки за блокирање и финансиска истрага. Мерко е на списокот на Стејт департментот, само таму каде што му е забранет влезот во САД. Но зошто му е забранет  влезот во САД ќе го прашање американскиот Стејт департмент.