Најавата на мандатарот Христијан Мицкоски за отстранување на м„балансерот“ е директен напад на Охридскиот договор, како еден од главните столбови за стабилноста  и меѓуетничките односи во државата, се вели во реакцијата на Европски фронт, пренесува Telegrafi.



„Овој чекор е само продолжение на она што започна со непочитување на духот на Охридскиот договор, непочитување на волјата на албанското мнозинство изразена на изборите на 8 мај, за што навреме предупредивме дека тоа е главната и единствена цел.

За жал, на ова сценарио им помагаат некои Албанци кои изгубија на изборите и од жед за власт станаа сервилни кон ВМРО-ДПМНЕ.

Европскиот фронт, како и во првиот случај, ќе ги предупреди сите меѓународни центри, а особено гарантите на Охридскиот договор, САД и Европската унија, за овој опасен чекор за иднината на државата“, велат од Европскиот фронт.