Европски министер мислел дека сугестијата на ЕУ за сет за преживување е шега но било знак дека Брисел оди во војна

Шефот на дипломатијата на земјата членка на ЕУ Унгарија, Петер Сијарто, и неговите сограѓани мислеле дека сугестијата на ЕУ за сет за преживување кој треба да трае 72 часа е шега но потоа сфатиле дека е вистински што за него е знак дека Брисел се подготвува за војна.



,,Кога слушнавме дека Брисел предлага комплет за преживување од 72 часа за Европејците, помисливме дека тоа е некој вид тролање. За жал, не е. Европската комесарка за крај зен менаџмент Хаџа Лахбиб дури покажа што да спакува.

Но, зошто во 21 век граѓаните на ЕУ треба да подготват комплет за преживување? Има само едно објаснување: Брисел се подготвува за војна.

Во време кога конечно има реална шанса за прекин на огнот и значајни мировни разговори со враќањето на Доналд Трамп на функцијата, Брисел оди во спротивна насока, држејќи се до неуспешната провоена политика.

Зошто? Бидејќи сè додека војната продолжува, провоените европски политичари можат да избегнат да ја преземат одговорноста за тригодишниот неуспех и да избегнат да одговорат на крајно непријатното прашање: каде се парите што беа испратени во Украина?

Ја повикуваме Европската комисија да објасни: зошто да се подготвуваме за војна, а не за мир?”, прашува Сијарто.