Дураку: Еднонационалната влада го зголемува македонскиот шовинизам, кој заживува во цела Р*М, но ние, Албанците, не му се плашиме!

„Во текот на овие неколку месеци оваа еднонационална влада со своите албаноговорни слуги секој ден го зголемува македонскиот шовинизам. Овој шовинизам започна да заживува на целата територија на * Македонија, но најзасилено во Куманово. Меѓутоа ние не му се плашиме! Треба да дејствуваме како Албанци, а не како партија, не како ДУИ!“ – овие сериозни провокации врз етничка основа ги изнесе Садула Дураку, поранешен вицепремиер од редовите на ДУИ, вчеравечер на партискиот собир, што го организираше неговата партија во Куманово. Инаку, искажувањата на Дураку ги пренесе информативниот портал на албански јазик „Опен-ТВ.мк“ во информацијата со наслов „Не му се плашиме на македонскиот шовинизам – Садула Дураку: Кога се работи за албанското национално прашање јас и моите другари се подмладуваме и од 64-годишници стануваме 34-годишници!“.



Дураку, кој за време на воениот судир во 2001 година бил припадник на УЧК со „воен прекар“ „Командант Вентили“, бидејќи со уште двајца припадници на УЧК го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро, по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици, вчеравечер се осврна на свој начин кон неодамна претставената книга за УЧК на авторот Иван Бабамоски. Во овој контекст тој изнесе тврдења и дека „бил извршен геноцид врз Албанците во кумановското село Сопот во 1944 година“?!

Неодамна овде во Куманово претставија една книга, според која, божем УЧК била терористичка војска. Но, во 1944 година во селото Сопот, Кумановско, беше извршен геноцид врз Албанците, кога беа убиени 64 Албанци-маченици и сега овие не бараат прошка за овој извршен геноцид врз Албанците, туку напротив велат дека УЧК извршила геноцид.“кажа Садула Дураку.