„Али Ахмети се сретна со евроамбасадорот Гир. Тој ја обвини владата дека прави сценарија за дестабилизација, за да ги обвини другите.“ – ова го наведе ДУИ во соопштението, кое го објави по средбата на нејзиниот лидер Ахмети со евроамбасадорот Гир.
Во соопштението, кое го пренесе ТВ 21, ДУИ изнесува: „Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се сретна со амбасадорот на Европската унија во Скопје Дејвид Гир. На оваа средба се разговараше за Охридскиот договор и Ахмети ја претстави нацрт-платформата за легитимитетот, подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ. Соговорниците разменија мислења за Охридскиот договор, за Преспанскиот договор и за Договорот за добрососедство со Бугарија, потоа за евроинтеграциите, реформите во согласност со очекувањата на ЕУ, за изборниот легитимитет и др.“
„Покрај нацрт-платформата за легитимитетот, подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, Али Ахмети ги претстави и мислењата на локалните експерти и чекорите, што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземат во одбрана на легитимитетот. Али Ахмети зборуваше и за тенденциозните предупредувања на премиерот Мицковски за дестабилизација“, искажувајќи како лидер на ДУИ вознемиреност поради „намерното владино инсценирање, заради обвинување други со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неуспесите на владата.“
„ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и на европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички обиди за дестабилизација. Остануваме најпосветениот партнер на Европската Унија и Соединетите Американски Држави за една * Македонија како партнер и член на НАТО и ЕУ.“ – наведува ДУИ во своето денешно соопштение.
Home Македонија ДУИ ја обвинува Владата дека „самата прави сценарија за дестабилизација на Македонија?!





