ДУИ: Укинувањето на балансерот ќе ги наруши темелите на Охридскиот договор

Од ДУИ ја коментираа одлуката за почеток на процедурата за оценка на уставноста на балансерот од страна на Уставниот суд, и кажаа дека евентуално укинување на оваа алатка, ќе придонесе за многу проблеми во следниот период, но и дека со тоа ќе се нарушуваат основите на Охридскиот рамковен договор.



„Последната одлука на Уставниот суд за започнување на процедурата за оценка на уставноста на одредбите поврзани со „припадноста на заедницата” во контекст на вработувањето во јавниот сектор, односно поништување на “балансерот”, е само почеток на влошувањето на меѓуетничките односи, кои беа изградени со многу потешкотии.

Прашањето за укинување на “балансeрот” ќе отвори многу нови проблеми во наредниот период, кои можат и ќе доведат до нарушување на темелите на Охридскиот договор.