ДУИ: Со поддршка од 1 отсто ВРЕДИ стана 100 отсто вазал

Демократската унија за интеграција преку коминике вели дека ДУИ останува единствениот политички форум кој ги штити историските достигнувања на Албанците.
Според нив, ВРЕДИ со поддршка од 1 процент (мислејќи веројато на поголемата поддршка во однос на интегративците на последните избори – н.з. )  не може да ги заштити албанските интереси, туку може да станат само вазали.



„Со поддршка од 1% станувате 100% вазали! – ѝ порачуваат на коалицијата ВРЕДИ.

„Со поддршка од 1% не можете да зборувате во име на албанскиот народ.
Со поддршка од 1% не можете да ги браните историските достигнувања на Мировниот договор за еднаквост од 2001 година.
Со поддршка од 1% не можете да го браните официјалниот статус на албанскиот јазик.
Со поддршка од 1% ве принудуваат да најдете позитивни причини дури и за отстранување на балансерот.
Со 1% поддршка го сквернават знамето и не дозволуваат ни да барате казнени мерки за прекршителите.
Со 1% поддршка, судовите стануваат инструмент на моноетничка агенда.
Со поддршка од 1% не можеш ни да ја споменеш Европската Унија.
Со поддршка од 1% кадрите си даваат оставки од институциите бидејќи воопшто не се бројат.
Со 1% поддршка, станувате само 100% вазал!
ДУИ останува единствената политичка сила која ги штити историските достигнувања и аспирации на Албанците во Северна Македонија!- се вели во соопштението од Мала Решица што го бјави порталот Телеграфи

Хајредини: ДУИ спадна на 8 пратеници!