Ова накусо би бил заклучокот од вчерашниот состанок на претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Мала Речица.
Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Арбр Адеми изјави дека „Европскиот фронт“ предводен од интегративците, добил легитимитет од граѓаните на парламентарните избори.
„ Врз основа на констатациите на сите институции и врз основа на изјавите на ОБСЕ, изборите беа фер, слободни, демократски, истата констатација ја имаме и ние внатре во ДУИ.
Овој легитимитет потврден од страна на граѓаните не може да се оспори, ни со инженеринг, ни со политички договор, не може да се оспори волјата на народот и на државните институции кои се одговорни за спроведување на изборите“ изјави Арбр Адеми.
За денеска е договорен работен состанок на ДУИ со сите политички партии кои го сочинуваат „Европскиот фронт“.
Состанокот ќе се одржи во Скопје во 13 часот, јавува Telegrafi





