ДУИ не отстапува од барањето за предвремени избори догодина

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не отстапува од барањето за одржување на предвремени парламентарни избори идната година заедно со локалните.



Според нив, „повикот за предвремени избори, заедно со локалните избори во октомври, не е само политичко барање, туку демократска можност сите страни да ја потврдат довербата од граѓаните, особено во време на криза на легитимитет.

„Ние сме подготвени да се соочиме со гласачите и да се вклучиме во транспарентен процес кој ја рефлектира волјата на секој граѓанин. Во вакви времиња, граѓаните заслужуваат лидери кои не ги избегнуваат предизвиците на демократијата, туку ги прифаќаат со отворено срце. Ние сме тука, подготвени и уверени во мандатот што ни го довери народот.

Според ДУИ доколку парламентарните избори се одржат истовремено со локалните во октомври, тогаш во 2029 година „за првпат ќе имаме можност на ист ден да се одржат три изборни процеси (претседателски, парламентарни и локални)“. Ова како што велат, ќе резултира со значителни заштеди за државниот буџет и поефикасна организација на изборите.

Како второ, велат дека со одржување на изборите, „државата ќе има целосен четиригодишен период на стабилност до 2029 година, без одвлекување на вниманието од изборни кампањи или процеси.

Според интегративците „прашањето останува дали сите политички сили се подготвени како ДУИ да излезат на тест пред пред граѓаните?