„Централното претседателство на ДУИ се собра во седиштето во Мала Речица, за да разговара за последните политички случувања во земјата по изборите на 8 мај. ДУИ, како лидер на Европскиот фронт, во консултација со сите останати партии, кои ја сочинуваат оваа коалиција, ги координира следните активности, што ќе ги преземат во наредните денови. Лдерите на партиите утре ќе се сретнат и ќе испратат сериозна порака и предупредување до ВМРО-ДПМНЕ да не си игра со Албанците и да не ја омаловажува нивната мнозинска волја, како втора по големина заедница во државата.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 дополнува во веста: Според нашите извори, лидерите на Европскиот фронт и Али Ахмети ќе ги предупредат ВМРО-ДПМНЕ и лидерите на коалицијата Вреди да го почитуваат легитимитетот на Албанците, произлезен на изборите на 8 мај.





