Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ги повика граѓаните да гласаат за кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ н парламентарните избори на 8 мај..



„Во овие сложени состојби кога се одлучува за иднината на Македонија, Ве повикуваме на масовно гласање за промени, за Гордана Силјановска Давкова (2) и за кандидатите за пратеници на Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА, предводена од ВМРО-ДПМНЕ (Број 2).

Партиите кои се на власт, кои ги разградија институциите, ја криминализираа државата, ги загрозија националните и државните интереси, ги доведоа граѓаните во очај и предизвикаа масовно иселување, треба да одат во опозиција и да одговараат за грабежот и загрозувањето на опстанокот на државата“, се вели во соопштението.