За оние што сè уште сметаат дека Грција нема проблем со македонскиот идентитет, како што е медијаторот Нимиц, кој не видел таков став во Атина, еве едно видео во кое јасно и гласно грчки министер за надворешни работи укажува дека Македонија не смее да ја користи придавката „македонски“.
Според поранешниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас, користењето на придавката значело нејзина ексклузивност, што за Атина не е прифатливо.
Вербалниот судир меѓу Друцас и Милошоски, кој беше министер за надворешни работи, се случи во 2010 година, кога Македонија беше претседавач со Совет на Европа.
По преслушувањето на оваа дебата во најстарата европска организација никој нема дилема со што се соочува Македонија во преговорите.
Позициите на Друцас изложени во Стразбур се позиции на сите грчки влади од 2006 година, кога се усвоени грчките „црвени линии“ за името.
Материјалот објавен на „Јутјуб“ е од емисијата „Ние“ на телевизија Сител на новинарот Драган Антоновски.





