Припадници на Шумската полиција, биле нападнати со ножеви и моторни пили при што добиле и сериозни повреди, пренесува преку социјалните мрежи заменик директорот на „Македонски шуми“, Кире Михаилов.
Тој укажа дека на територијата на ПШС „Бабуна” – Велес при акција во која е затекната поголема група дрвокрадци на нелегална сеча, нападнати се и повредени шумски полицајци, по што била повикана и МВР и дежурен јавен обвинител.
Доцна синоќа Михаилов сподели дека напаѓачите се упасени и истите се изведени пред судија на претходна постапка.






