Досега 24 жртви на пожарите во Лос Анџелес, јагленосани цели населби

Бројот на загинати во големите шумски пожари што го опустошија Лос Анџелес во неделата се искачи на 24. Властите предупредија на приближување на опасни ветрови кои би можеле уште повеќе да ги засилат пожарите, пренесува AFP.



Пожарите продолжуваат да го уништуваат вториот по големина град во САД веќе шести ден, претворајќи цели населби во јагленосани урнатини и оставајќи илјадници без покрив над главата.

Полицискиот час во зоните за евакуација беше продолжен и беа побарани дополнителни ресурси на Националната гарда.

Пожарот претвори цели населби во рушевини кои тлеат, уништувајќи ги домовите на богатите и славните, како и на обичните луѓе и оставајќи апокалиптичен пејзаж.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ги обвини калифорниските власти за некомпетентност.

„Ова е една од најлошите катастрофи во историјата на нашата земја. Тие едноставно не можат да ги изгаснат пожарите. Што им е? рече Трамп на својата платформа Truth Social.

Други земји почнаа да нудат помош, а Мексико веќе испрати пожарникари.