Дора се јави за името, Златна Зора и ја затна устата

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција во времето на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година не прави паузи кога се работи за Македонија.



Еден ден откако ни кажа дека мора да пригатиме Ерга Омнес таа повторно се јави со свои ставови за спорот за името. Од Белград каде што учествува на економски форум Дора Бакијани не пропушти повторно да каже дека Македонија е таа што треба да го направи следниот чекор.

„Сега новата влада на ФИРОМ треба да демонстрира дека има политичка волја да оди напред во решавање на спорот за името“, напиша Бакојани на социјалните мрежи.

Со други зборови Бакојани која што му е сестра на Киријакос Мицотакис лидер на Неа Демократија и најверојатно иден премиер на Грција, испраќа порака дека Грција како и предходно нема намера ни за сантиметар да се повлече од своите црвени линии за името и дека ако Македонија сака решение мора да прифати едно име со географска одредница за сите употреби.

На постот на Бакојани и одговара Димитрис Кадаподис член на грчката неофашистичка партија Хриси Авги (Златна Зора).

„Дора зарем не се умори постојано да зборуваш за прашањето за кое што твојот татко (екс премиерот Мицотакис) во деведесеттите рече дека ќе биде заборавено за десет години и дека не треба да се занимаваме со него“, и напиша членот на Златна Зора на Бакојани.