Доне Ристоф, Македонец кој 160 години ги урива бугарските и грчките националистички тези за македонската нација

Доне Ристоф е сосема непознат за македонската јавност, тој не бил ниту научник, ниту историчар или важен бизнисмен.



Доне бил обичен човек, македонски селанец кој и тогаш кога е роден и сега, 16 децении по неговото раѓање, ги урива бугарските и грчките националистички тези за Македонците како вештачка нација и измислица на Тито или Коминтерната.

Притоа Петров не е дел од некаква официјална наука или пропаганда на македонската држава туку факт кој е запишан од миграциските служби на САД.

Во 1907 при влезот во Америка во Официјален запис на имиграциските власти на САД – Доне Ристоф, се регистрира како „македонска раса [етничка припадност]“.

Доне Ристоф е роден во далечната 1864 година во селото Воштарани односно селото Овчарани во близина на Лерин во Егејска Македонија денешна Грција.

Според записите кои ги објавува австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов тој во Америка дошол со 20 долари, крајна дестинација му била Гранит Сити во државата Илиноис а а контакт лице во САД му бил Ѓорѓи Петреф, пријател.

Во САД Доне пристигнал во Њујорк односно на островот Елис каде се наоѓал американскиот прифатен центар за регистрација на емигранти.

На своите 43 години при пристигнување во САД од Турција во тоа време Доне точно знаел дека е Македонец.

Во родното село на Ристоф Воштарани или Овчарани се уште се играат македонски ора и се пејат македонски песни.