Сегашниот председател на САД, Доналд Трамп има прекршено повеќе обрасци во многу важни, но и во дел неважни категории во неговот водење на Соединетите Американски Држави, а тој е и првиот американски претседател без милениче по подолго време.



Тој е најстариот врховен командант, најбогатиот претседател и првиот без воено искуство или искуство од работа во владата. Исто така, тој е еден од само двата претседатели од 1888. година што победиле на изборите иако не добиле најмногу гласови на национално ниво.

Во претседателскиот музеј има оддел кој говори за многу миленичиња во минатото, зошто Белата куќа отсекогаш била дом разно разни животни. Нивниот број се движи до 300. Поголем дел од нив биле кучиња, но има и коњи и птици, мачки, мечки, тигри и алигатори. Само да потсетиме тука се: Линконовите коза и јарец, нилски коњ  на Били, двете млади гризли на Џеферсон, па и милениците на Бил Клинтон кој имал куче и мачка.

Џон Кенеди                                                    Барак Обама

Последниот претседател без миленичиња беше Ендру Џонсон, кој е од функцијата заминал во 1869. година и е најмногу познат по тоа што е еден од само два претседатели против кого е поведена постапка за разрешување, односно “импичмент”.