Доминго за концертот во март во Скопје: Одвај чекам да се сретнам со македонската публика (ВИДЕО)

Шпанскиот тенор од светски ранг Пласидо Доминго со пригодно видео им се обрати на македонските љубители на оперската музика пред својот концерт на 14 март во Скопје, именувајќи ја земјата како Македонија и користејќи ја придавката „македонски“.



„Драги пријатели во Македонија, јас сум Пласидо Домиго и воодушевен сум што можам да споделам со вас дека на 14 март прв пат ќе настапам во вашата прекрасна земја во арената ‘Борис Трајковски’ во Скопје. Програмата на концертот ќе ги разбуди сите емоции, радост, смеа, и се надевам моменти кои ќе ги паметиме. Ова е моја прва посета на Македонија и навистина сум возбуден што конечно ќе ја доживеам магијата на вашата прекрасна земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со македонската публика и да ја споделиме оваа специјална вечер заедно. Одвај чекам да ве видам таму“, вели во видеото членот на славното трио тенори со Лучано Павароти и со Хозе Карерас, кои привлекоа стотици илјади оперски фанови на своите концерти меѓу 1990 и 2003 година.

Обраќањето на вокалниот виртуоз со повеќе од 150 оперски улоги и над 4.400 настапи на линкот:

https://www.facebook.com/watch/?v=1662925337592952