Министерот за здравство Илир Демири, скоро именуван откако Алијанса за Албанците се раздвои на крилото на Села и крилото на Таравари, со скандалозна одлука. Ќе го разрешувал медицинскиот директор на токсикологија а не економскиот – директорка која не знае македонски, скандал за кој остро реагираше јавноста.
Во време кога приватните специјализанти протестираат бидејќи плаќаат 10 000 евра за специјализација и земаат 26 000 денари и Демири не најде решение, дури и ги обвини дека партиски протестирале, остава на функција директор што не знае македонски јазик и за која се поврзуваат скандали.
Откако вработените на Токсикологија алармираа дека се случувало дезорганизација на клиниката, тој реши дека треба да се разрешува медицинскиот директор.
– Три недели ја испитував ситуацијата и на жалост констатацијата е вистина. Јас сум длабоко уверен дека луѓето што користат вакви испади и навреди на национална основа не го мислат тоа. Медицинскиот директор и одредени лекари денеска и на Фејсбук имаат објавено навреди, не сакам да бидам нивни портпарол. Тврдам дека не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Јас ќе преземам сериозни мерки. Медицинскиот директор денеска ќе го разрешам иако сме влезени во изборите – рече Демири одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Докторите си ги раскажаа маките со кој се соочуваат на работно место, велат ова е страшно за нас, а уште пострашно за пациентите. Главен проблем им е комуникацијата со организациската директорка Бесија Иљази, според нив сите нерегуларности зависат од неа.
Канцеларијата на најповиканата, економската директорка Бесија Иљази денеска беше заклучена
Конечно по неколку часа, таа одржа ненајавена пресконференција, но само на албански јазик без да обезбеди превод на македонски по што новинарите во недостаток на комуникација ја напуштија пресконференцијата.





