Цели четири часа траеше официјалниот дел од митингот денес во Солун на кој грчкиете поатриоти, од сите страни за земјата допатуваа да ја испорачаат паролата дека „Македонија е грчка, една  единствена“. Дождот сепак го растури собирот на кој присуствувале тројно од очекуваните 30 илјади граѓани.



Помеѓу изборот да се одбрани „грчкоста’ на името Македонија лии да не се биде „мокар“, граѓаните се одлучија за вората опција.

Агенции споменуваат бројки од 90.000 на собирот на кој, „патриостки здруженија“ од Грција и пан-хеленските организации од дијаспората очекуваа 30.000 демонстранти против „преговорите на власта со Скопје“, а особено околу можноста идното решение за спорот околу името да содржи збор „Македонија“ што за грчките националисти во Грција и во странство е – неприфатливо.

Она што е утешително од македонски аспект, во време кога земјата е притисната и одвнатре и однадвор е масовноста на собирот во Солун која беше барем десеткратно помала од мега-митинзите во 1992 ког милини на улиците на Атина  Солун извикуваа „Македонија“ е грчка“.

Организаторите во нивните обраќања се задржаа на аргументите дека Грција не треба ниту да преговара ниту да прифати име во кое би бил вклучен терминот Македонија, бидејќи „Македонија била е и ќе остане грчка“.

На присутните им се обрати и почесниот началник на Генералштабот на грчката армија Франгос Франгулис, кој во 2012 во тогашната службена влада еден месец беше министер за одбрана, во опширниот говор, меѓу другото побара во Грција да се одржи референдум пред да се потпише било каков договорот за името, но и „Скопје да признае грчко малцинство“., прееуват медиуми.

Официјалниот дел од собирот го отвори солунскиот митрополит Антимос, со литургија во црквата „свети Димитрија“ од каде порача дека „Македонија е Грција“.