Додик прогласи германска министерка за персона нон грата

 

Германската министерка за Европа и климатски прашања Ана Лирман се огласи на Инстаграм откако Владата на Република Српска ја прогласи нејзината персона нон грата.



„Денес бев во Бања Лука, во Босна и Херцеговина… Луѓето што ги сретнав таму срдечно ме прифатија. Имав голем број одлични средби со граѓанското општество и опозицијата. Сецесионистичките активности на Додик се неприфатливи.

Кон крајот на мојата програма во Бања Лука, Додик повторно го покажа својот деструктивен пристап. Неговите претставници ни се закануваа на мене и на мојата делегација со насилство. Ова е знак на слабост. Додик е се поизолиран и нема поддршка од граѓаните на Република Српска.

Откако беше прогласена за персона нон грата, Лирман ја откажа средбата што требаше да ја има во Бања Лука со лидерите на опозициските партии.

Во образложението на Владата на РС се наведува дека одлуката ја донеле како „реципрочна мерка“ откако Германија, заедно со Австрија, вчера го забраниле влезот на лидерот на босанските Срби Милорад Додик, премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание Ненад Стевандиќ поради загрозување на спроведувањето на Дејтонскиот договор.

„Како и секој несакан посетител, германската министерка Ана Лирман дојде тајно во Бања Лука да се сретне со своите родители во подрумот“, рече Додик.

Како што пишува Кликс,ба, тој додаде дека очекува полицијата на Република Српска наскоро да ја изведе министерката надвор од ентитетот.

Додик, кој веќе беше санкциониран од Германија и му беше забранет влез во земјата, исто така ја критикуваше Германија, прашувајќи „на што спадна некогаш моќната Германија“.