Судијата им порачал дека им дава пет минути да се вратат на теренот, но сепак Крог заедно со своите помошници и романските репрезентативци чекаа подолго, а противниците не се врарија да ја доиграат преостанатата минута од натпреварот.
Данскиот судија означи крај на натпреварот, а Романците се револтирани од ваквото однесување на репрезентативците на Косово.
Новинарот Емануел Росу објави фотографија од соблекувалната на гостите по нивното заминување и напиша:
„Додека играчите и тренерите на Романија беа на теренот на минус 2 степени повеќе од еден час чекајќи ги играчите на Косово да се вратат за да го доиграат натпреварот, гостите нарачале пици и се гоштевале во соблекувалната, пред да објават дека нема да се вратат на теренот. Изгледа дека донеле таква одлука многу порано. Погледнете какви купишта ѓубре оставија во соблекувалната“, пренесе „ТопСпорт“
Капитенот на Косово, Амир Рахмани објасни што се случувало и испрати порака до УЕФА.
„Постојано скандира „Косово е Србија“. Ова се случуваше цели 90 минути. Во финишот почнаа да викаат и други работи што не сакам да ги повторувам бидејќи се срами. Првиот пат му кажав за судијата, но тој не реагираше. Вториот пат одби да слуша. По трет пат му кажав дека го напуштаме теренот. Тогаш навивачите почнаа да скандираат „Косово е Србија“, па решивме да заминеме и да не се враќаме на теренот, за разлика од лани“, изјави капитенот на косовската репрезентација Амир Рахмани.
УЕФА ќе треба експресно да донесе одлука, а според шпекулациите натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат за Романија, пишува ТопСпорт.






