Народниот правобранител Насер Зибери осум месеци го чека министерот за финансии Фатмир Бесими да напише Правилник за кредитен ризик, во кој ќе се пропише задолжителна физичка идентификација на клиентите кои бараат и добиваат брзи кредити, пренесе СДК.мк. Бидејќи, со ланските измени на Законот за финансиски друштва, сè уште може измамници да крадат лични карти или лични податоци на луѓе и да подигнуваат брзи кредити на нивно име. Бесими во тој правилник освен идентификација со физичко присуство на барателот на брз кредит, треба да пропише и задолжително лично ажурирање на податоците на клиентите. Тоа е забрана за онлајн-идентификација на клиент и за онлајн промена на податоци на клиент.

Досега Министерството за финансии, на барање на Народниот правобранител, изврши само надзор во неколку наведени финансиски друштва и изрече мерки „привремена забрана за вршење на финансиска активност одобрување кредити преку кредитните посредници на финансиските друштва“.
Место да донесе правилник од неколку страни, Министерството достави Известување до сите финансиски друштва: Ако одобруваат наменски кредит за купување производи од трговци-кредитни посредници, задолжително да обезбедуваат доказ од трговецот дека производите се предадени лично на барателот на кредит.

Дали се почитува ова известување, дали давателите на брзи кредити навистина проверуваат дека со тие пари се купени производи, а производите се доставуваат лично на барателот на кредитот или пак сосема на трети лица (измамници), не е познато. И натаму Министерството нема објавено податоци дали проверува како натаму завршуваат префрлените средства во продавниците и дали сè уште постојат злоупотреби.
- „Врз основа на континуирана анализа на содржината на поднесените претставки, анализа на постојната регулатива и учество на состанок со претставници на надлежните институции и Групацијата на небанкарски финансиски друштва инициран од претставници на Владата, констатација на Народниот правобранител е дека во работењето на финансиските друштва сè уште постојат сериозни злоупотреби кои предизвикуваат повреди на правата на граѓаните. Токму затоа, односно за спречување на незаконското задолжување мора да се зајакне надзорот на Министерството за финансии по однос на условите под кои брзите кредити се одобруваат, како и да се зголеми транспарентноста во работењето на финансиските друштва“, наведе Народниот правобранител во последниот Годишен извештај, кој треба Собранието да го прочита.
- ПОДИГААТ БРЗИ КРЕДИТИ НА ИМЕ НА ЛИЦЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ЧИЈА ЛИЧНА КАРТА ГИ УКРАЛЕ ПОДАТОЦИТЕ, НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИТЕ БЕСКОНЕЧНО СЕ ЗАДОЛЖУВААТ ДА ГИ ВРАЌААТ И ЈА МОЛАТ ДРЖАВАТА ДА ГИ НАЈДЕ ИЗМАМНИЦИТЕ
- НОВА ЖРТВА НА ИЗМАМИТЕ СО БРЗИ КРЕДИТИ СО УКРАДЕНИ ЛИЧНИ КАРТИ, МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД СКОПЈЕ ТРЕБА ДА ВРАТИ 163.000 ДЕНАРИ КРЕДИТ ШТО ДРУГ ГО ЗЕЛ НА НЕЈЗИНО ИМЕ
Омбудсманот бара да се спроведуваат едукации за вработените во финансиските друштва, за примена на системот за идентификација при воспоставување деловен однос, а при онлајн аплицирањето идентитетот на барателите да се проверува преку посебен систем. Ништо од ова не е направено. Повеќе на СДК.мк.





