Собранието денеска со почеток во 13:30 часот ќе одржи итна седница за Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата.
Седницата ќе се одржи по барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството.
Владата минатата недела на седница утврди предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“ со што рокот за завршување на автопатот се пролонгира за уште две години, односно, до крајот на 2026 година.
Инаку минатата недела спикерот на Собранието објави дека престануваат со работа за да не влијаат на кампањата пред изборите, но за денес повторно закажана нова седница – за да се усвои закон кој е предложен од Владата по итна постапка.





