„Од Демократската унија за интеграција велат дека се вознемирени за, како што нагласуваат, ‘продолжување на дискриминаторските практики во Собранието’. Од ДУИ велат дека ‘Албанците се исклучуваат од вработување, а албанскиот јазик отворено се игнорира’.“ – објави ТВ 21, пренесувајќи го соопштението на партијата на Али Ахмети.
ДУИ тврди: „Од последниот конкурс за вработување во Собранието, од 23 примени, само 3 се Албанци, што докажува јасно и намерно исклучување од државните институции. Оваа практика е удар за правичната и пропорционална застапеност и ги претвора Албанците во граѓани од втор ред во сопствената држава. Уште повеќе, одлуките за вработување се донесуваат само на на македонски јазик, игнорирајќи ја законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Овој неприфатлив чин ги поткопува принципите на еднаквост и испраќа јасна порака за непочитување на правата на Албанците. ДУИ го осудува ваквиот дискриминаторски пристап и бара итно да прекине исклучувањето на Албанците од државните институции, како и целосно да се спроведува законот за употреба на јазиците.“, велат од ДУИ.





