Дно, на граница на лудост – реакции по гласањето на СДСМ и ДУИ за пасошите

Тотално одлепени од реалноста, гласање на граница на лудост – ова се дел од реакциите по гласањето на СДСМ и ДУИ со кое се опишува однесувањето на пратениците на власта за законот со кој требаше да се продолжи рокот на важење на пасошите до нова година.



Најексплицитен коментар за темата дава пратеникот Драган Ковачки.

,,Дно!
Тотално се одлепени од реалноста.

Да гласаш против Уставно загарантираните права и да не сакаш да решиш проблем кој твој министер свесно го создал и киднал, се граничи со лудост”, коментира Ковачки за одлуката на СДСМ и ДУИ да блокираат над 600 илјади граѓани .