Диџејот Равитез се пофали дека ќе настапува во Охрид, ФИРОМ

Диџејот Равитез кој на први август ќе има настап во Охрид или нема информации каде настапува, или неговите менаџери се сигурни во неговата верна публика или води политика.



Тој во својата најава на социјалните мрежи вели дека во вторник на Билјанини извори ќе настапува во Охрид , ФИРО Македонија.

Редно ќе биде кога веќе нема да биде протеран за непочитување на земјата каде што ќе наплати хонорар, да се извини пред македонската публика пред која не е прв пат.

Равитез е диџеј и продуцент кој  има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како Ultra Music Festival (Мајами), Tomorrowland (Белгија), EDC (Лас Вегаси многу други. Познат е по неговите упесшни соработки со холандската диџејска сензација Афроџек каде што заедно котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот.