Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски со полумистериозна објава на социјалната бизнис мрежа LinkedIn.
Мирчевски цитира поговорка која се однесува на неименувано лице кое е дефинирано како Калигула од Прцорек.
Во македонската јавност единствена јавна личност која која се спомнува како човек кој е од Прцорек е лидерот на Левица Димитар Апасиев.
Мирчевски во пораката вели дека Калигула од Прцорек може да се надева само дека коњот на кој тој ќе се качи може да стане конзул.
,,До Калигула од Прцорек: Џабе будалата ќе се качи на коњ облечен во одора.
Мојата нова поговорка:
“Кога будалата ќе се качи на коњ и ќе облече војничка одора будалата никако нема да стане генерал, туку ќе остане само будала, а неговиот коњ ке му стане конзул” Посветено на Калигула од Прцорек”, пишува Мирчевски кој заедно со новинари од Канал 5 е предмет на тужба од страна на Апасиев.
Во Пост Скриптум Мирчевски пишува дека поговорката никако не се однесува на ликовите од сликата која ја објавува а во постот ги користи хаштазите:
#macedonia #kanal5tv #moron_on_horse #idiot
Дали лидерот на Левица е ,,Калигула од Прцорек” за кој зборува директорот на Канал 5






