Оставката била депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска, дознава Скопје1
Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен.
Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини, а доаѓа во време кога Арсовска се крие од јавноста, пишува порталот.
За него, Арсовска посочуваше дека е лице со 15 години работно искуство.
Во изминатите денови, како што објави „Скопје1“, Арсовска го смени директорот на Водовод, а потоа и на Комунална хигиена.






