Мухсин Арифи, вд. директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје , кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице, е исклучен од Алијнсата за Албанците чиј лидер е министерот за здравство Арбен Таравари.
Етичкиот кодекс бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи лични финансиски или материјални придобивки, информираа од АА..
Арифи е разрешен и од функцијата претседател на Огранокот Сарај, до донесување конечна одлука од страна на надлежниот суд.
Мухсин Арифи, според истрагата, знаел дека пациентот што требало да се смести во установата бил богат и барал 100.000 евра поткуп.
Не 20 туку 100 илјади евра мито барал директорот на Геријатрија…






