Home Македонија Динко од Јамбол, ловецот на мигранти е на слобода, се подготвува да...

Динко од Јамбол, ловецот на мигранти е на слобода, се подготвува да влезе во Македонија

Бугарските медиуми пишуваат дека наскоро во Македонија ќе дојде Динко Велев, познат како Динко од Јамбол кој во бугарската јавност е познат како ловец на мигранти.



Тој деновиве излегол од затвор и во Македонија ќе допатувал за да ја заштити честа на Бугарија која што  била навредена од спортскиот новинар Миленко Неделковски, пишуваат медиумите со соседната држава.

Динко неколку пати се обидел да се сретне со Неделковски за да му се одмазди за кршењето на бугарската плочна на Кајмакчалан но не успеал во тоа затоа што Неделковски имал обезбедување и не одел на работа а ловецот на мигранти не бил пуштен да влезе во Македонија.

Динко наскоро планира да постави нова плоча на Кајмакчалан на местото на која што беше поставена старата плоча во чест на „сите загинати Бугари во првата светска војна“.

Динко бил исповоциран откако Неделковски изјавил дека Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, Никола Јонков Вапцаров е македонски поет а Бугарите ги нарекол Татари со губитнички комплекс кои немаат своја историја.

Винко од Јамбол за своите нелегални ловења и малтретирања на мигранти од Сирија, Ирак и други земји беше осуден на затворска казна која деновиве ја одслужил.