Географската одредница која ја прифати Македонија како начин на решавање на спорот за името не е безусловна изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на дебата на Телма.
“Прашањето за името за мене е едно најболните прашања, бидејќи природата на проблемот е многу проблематична и е многу лесно на ова прашање да се удираме и да викаме. Меѓутоа исто така мислам дека сите знаеме дека надминувањето на овој проблем е важен за нашата држава. И ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде многу важно и за Македонците во Република Македонија и за Албанците и за сите други. Важно ќе биде и за иднината на РМ. Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа рече Димитров на дебатата со тројца новинари во ТВ Телма.
Според Димитров, суштината на компромисот ако е тој воопшто можен се темели на две точки.
– Едниот столб е дека Македонците мора да бидат Македонци што го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи стравот од конкретизирање со одредница на името Македонија ќе биде невозможно да се покрие. Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто ние да можеме да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме за географска одредница е врзано односно не е безусловено. Исто така, таа географска одредница не може да биде недостоинствена. Практично ова го нема во слеаното име, рече Димиторв.
За средбата во Виена тој нема очекувања, туку само надеж.
“Се надевам дека ќе направиме напор да се придвижиме, да направиме исчекор. Процесот многу јавно го дебатираме и кога преговарачки позиции излегуваат во јавност стануваат национални позиции и тоа може лошо да влијае на преговорите, рече Димиторв.
Димитров најави дека Владата по виенската средба, ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерски состанок.





