ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија која ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп кој што им се случува, ниту пак ќе се вклучи во било каков тип на соработка и идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив, порача лидерот Максим Димитриевски во синоќешното гостување во Дневникот на ТВ Сител.



„Воедно, еве и ексклузивно да кажам во вашата емисија, ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна идна коалиција, постизборна коалција во која што ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер, а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа полтиичка партија се изгради во континуитет на корупција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едноставно да расчисти со минатото и сето она што лошо го направи во оваа држава“ рече Димитриевски.

Димитриевски инсистира и на потпишување на документ за национален консензус, дефинирање на националните црвените линии.

ЗНАМ како политички субјект и идна парламентарн партија нема да отстапи од ниту едно свое барање кое е испорачано пред граѓаните“, а тоа се зачувување на јазикот, идентитетот, континуитет, самобиност и сопствена историја“ .