Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски по посетата на Охрид, каде се сретна со симпатизери на неговата партија порака дека претседателот на СДСМ Венко Филипче не може да биде водач бидејќи е со едната нога надвор, односно дека добил виза за Дубаи и дека е можно да се исели.
„Венко, за што ќе ја искористиш ’златната виза’ од Дубаи која призна
дека ја поседуваш? Човек кој добил можност трајно да се исели од
државата, не може да биде партиски лидер. Со една нога надвор од
Македонија, со мисла за бегство наместо за обнова – не се станува водач
на народ. Златна виза во џеб значи златна резерва за бегство – а не
визија за иднината на нашата татковина.“
Претседателот на ЗНАМ упати силен повик до членовите на СДСМ:
„Ги повикувам сите искрени, чесни и достоинствени членови на СДСМ – оние
кои сè уште веруваат во идејата за правда, еднаквост и општество за
сите, да станат дел од вистинската промена.
Доста беше да гледате како Вашата партија се претвора во празна обвивка
водена од лични амбиции и привилегии. Знаеме дека има луѓе меѓу вас кои
не се сложуваат со тивката капитулација пред елитизмот и корупцијата.
Време е да кажете „доста е“ и да се приклучите на движење што не ги
купува идеалите – туку ги живее.





