Дилема: Користење на мобилен за време на настава во училишта – Да или Не?!

Скопските градоначалници донесоа препорака да се забрани користење на мобилен телефон за време на настава во основните училишта. Родителите бараат од министерството за образование ваква забрана да се стави во средните училишта, бидејќи сметаат дека ваквата мерка носи резултати. Од министерството велат дека ќе се прават анализи, но во денешно време телефоните се неопходни, а наставниците ќе одлучат дали за време на часот децата ќе ги користат или не.



Дигитализацијата е повеќе од потребна во образованието, а позитивните промени почнаа неодамна, откако учениците и студентите добија можност за стипендии да конкурираат по електронски пат. Студентите, исто така, на овој начин конкурираат и добиваат сместување во студентските домови, без да трошат време и пари за патување.  

Засега единствено општините Аеродром и Центар донесоа препораки да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, со цел подобрување на образовниот процес.

Инаку, на последната прес конференција од министерката Весна Јаневска повторно повика вработените во училиштата да ги користат исклучиво службените мејлови, а со цел поголема заштита од хибридни закани, какви што имаше минатиот петок.