Државната изборна комисија утрово на својата веб-страница ги објави резултатите од освоените гласови на претседателските кандидати на вчерашнииот прв круг претседателски избори.
Од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%).
Двојно помалку има Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите.
Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите…





