Десетти обид за избор на претседател на бугарскиот парламент

 

Последните избори во Бугарија доведоа до фрагментиран 8-партиски парламент, во кој политичките сили не можеа во претходните 9 обиди да постигнат согласност дури и да изберат претседател на Народното собрание.



На вчерашното гласње имаше четворица кандидати: Атанас Атанасов од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, Наталија Киселова од „БСП-Обединета левица“, Петар Петров од „Вазраждане“ и Силви Кирилов од „Има таков народ“.

Денеска во вториот круг влегоа Наталија Киселова и Силви Кирилов по што беше дадена пауза.

Тешко е да се каже дали ќе биде избран спикер на парламентот, предвидува бТВ.

Рекордно долгата седница за избор на претседател на бугарскиот парламент започна на 11 ноември.