Десетина дена никој не презема ништо за хаваријата во Карпош 4.
Граѓани кои живеат во овој дел од Скопје испратија видео од кое се гледа дека од расипана цевка на улица постојано тече вода на коловозот.
Оваа ситуација во која се губи огромна количина на вода за пиење а се оштетува и коловозот трае десетина дена а освен што местото на хаваријата е означено граѓаните велат дека со денови никој не работи на санирање на проблемот.
Со оглед на тоа што се работи за пукната цевка одговорност за проблемот има Јавното претпријатие Водовод и Канализација каде директорот го поставува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Хаваријата се случува на улицата Никола Парапунов која ги поврзува булеварите Илинденска и Партизански одреди во Карпош 4.
Видеото во линкот






