Заменик министерот за правда на Ален Деребан вели дека директните контакти со институциите во Косово за апсење и екстрадиција на Артан Груби и Прпарим Бајрами ќе се воспостават во моментот кога ќе се докаже дека се таму. Деребан не може да потврди дали Косово е крајната дестинација на Груби. Тој во интервју за Алсат вели дека заминувањето на Груби непосредно пред обвинението за случајот „Лотарија“ не е промашување на државните институции, туку на некои луѓе, кои според него ќе сносат одговорност.
Телевизијата објави: „Ја следиме целата ситуација и сме во контакт со сите надлежни органи, со сите кои можат да помогнат во спроведувањето на постапките.“ – нагласи Деребан.
Дали и со Министерството за правда и надлежните институции на Косово?
„Во контакт сме со сите, со кои треба да соработуваме. Ќе оствариме официјални контакти со министерството на Косово кога ќе добиеме информација дека е лоцирано, или уапсено лицето, по кое е распишана меѓународна потерница.“ – одговори Деребан.
Сепак, логичен чекор би бил да почнете од Косово?
„Ако се докаже дека е на Косово, или ако добиеме информација дека е уапсен на Косово, нормално дека ќе започнеме постапка за соработка за екстрадиција.“ – посочи заменик-министерот за правда Ален Деребан.





