Ветераните на ОВК, воените инвалиди и членовите на семејствата на „мачениците“, денеска со почеток во 11:00 часот, пред Основниот суд – Скопје 1, ќе протестираат за апсењето на Блерим Рамадани, соопштија од Здружението на борци на ОВК, пренесува „Телеграфи“.
Косово бара Македонија да ослободи поранешен припадник на ОВК
Рамадани беше приведен на 17 јули на граничниот премин во Јажинца врз основа на потерница издадена од Судот во Белград преку Интерпол Србија.
„Декларативно ќе бараме итно ослободување на нашиот соборец Блерим Рамандани“, се вели во соопштението на здружението.





