Денеска почнува 7-дневен бојкот на маркетите во Хрватска

На повик на платформата „Ало инспекторе“ хрватските граѓани се повикани да започнат неделен бојкот на трговските синџири „Лидл“, „ Еуроспин“ и „ДМ“ како и на три производи, Кока-Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за садови.



Дополнително повикаа на општ бојкот на продавниците во петок, како што се случи минатата недела.

Една недела се предлага потрошувачите да не купуваат Кока Кола и други газирани пијалоци, вода во пластични шишиња и детергенти за садови.

„Не плаќајте сметки, не полнете бензин, одете во ресторани“, повикаа од платформата.

Граѓаните се повикани да се „воздржат од какви било купувања“ во петок, што ги вклучува сите продавници, бизнис со банки, телекомуникации, нарачки преку платформи за испорака, а, според него, бојкотот треба да опфати и воздржување од прекумерно трошење во кафулиња, ресторани, патувања, бензински пумпи и аптеки.

„Мораме да испратиме порака до оние кои се причина за оваа дива цена. Сакаме да испратиме порака и до банките. Не одете во банки, избегнувајте доставувачи, тие се исто така дел од поскапувањето “, стои во повикот до граѓаните.

„Ова не е напад на малопродажните синџири, но им кажуваме на нивните раководства дека крајните цени се премногу високи и неодржливи“…